🌳 ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ
🌿 Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со претставници од земјоделската задруга ЈУК и МАЗЗ - Македонска асоцијација на земјоделски задруги, денес учествуваше во еко акција на засадување дрвца и разеленување на јавни површини во Јосифово. Иста активност, се спроведе и во Пирава, од страна на земјоделската задруга ПИР-АВА.
♻️ Акциите се одвиваат во рамки на проект имплементиран од страна на „CARE International“ и истите имаат за цел да поттикнат на општествена одговорност во заедницата и проактивност кон решавање на проблемот со глобалното затоплување.