ПОТПИШАН Е МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ОПШТИНА ВАЛАНДОВО И ПРАВНА КЛИНИКА ПРИ ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ОД ШТИП
Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со раководителката на Правната клиника на Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев - Штип, проф. д-р Милица Шутова, потпишаа Меморандум за соработка во областа на правото, интегритетот и доброто управување.
Меморандумот предвидува партнерска соработка на Правната клиника при факултетот и општината, заедничко аплицирање на проекти, обезбедување бесплатна правна помош, организирање обуки и изработка на стручна анализа.