СОЗДАВАМЕ ПРИЈАТЕЛСТВА И РАЗМЕНУВАМЕ ИСКУСТВА


Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, имаше свое обраќање пред ученици и наставници од основни училишта од Португалија, Шпанија, Полска, Италија и Турција, кои заедно со ООУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово, партнерски го реализираат проектот за мобилност "Let it sound till everybody notice", кој се реализира преку Erasmus+ програмата.

🔖 Целта на овој проект, е преку размена на искуства и заеднички идеи, успешно да се справиме со проблемите на денешницата од типот на насилството, дискриминацијата, омразата, расизмот и недостатокот на дијалог во општествата каде живееме и се придонесе кон толерантни и инклузивни заедници, во кои има место за секој еден човек.

🤝 Проектот, ги поттикнува учениците да другаруваат преку образование, да ги втемелуваат вредностите како еднаквоста, инклузијата, толеранцијата и дијалогот, како елементарни во сопствените општества и критички да се спротистават на насилството, омразата и расизмот, како ретроградни појави во нашите заедници.

📑 Наставниците од ООУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово вклучени во овој и проектите од ваков тип, се дел од исклучително важна мисија за нашата заедница. Создаваат основа за нови пријателства на своите ученици, отвараат нови перспективи за нив ширум светот и ги учат на вредности кои се од добробит за сите луѓе. Градоначалникот на крај им се заблагодари за заложбите и ги охрабри да продолжат по тој пат.



?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches