📈 БИЗНИС ФОРУМ ВО ВАЛАНДОВО
🗂 Општина Валандово го организира и најавува новиот Бизнис Форум на кој ќе учествуваат Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска и претставниците од локалниот бизнис.
Бизнис форумот, ќе се одржи во Домот на култура „25 Мај“ - Валандово на 16.03.2022 година (среда), во 12:00 часот, и на истиот ќе се работи по следниве теми:
🚩 Нови економски предизвици, можности и цели;
🚩 Даночната политика - партнер на бизнис секторот;
🗃 Локалните компании ќе можат да ги отворат сите прашања кои го засегаат нивниот бизнис и да дискутираат за новите предизвици со кои се соочуваат како претприемачи, во време на здравствена, економска и енергетска криза.
🤝 Ги вмрежуваме институциите и бизнисот, создаваме пракса на директна комуникација и заеднички се справуваме со состојбите. Преку споделена одговорност и инклузивност во процесите, наоѓаме најдобри решенија и заедно одиме напред.