ЧЕСТИТ 18 АВГУСТ - ДЕНОТ НА АРМИЈАТА
Денес, под мотото „30 години безбедност, стабилност и доверба“ заеднички го одбележуваме 18 август - Денот на Армијата.
Првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев” од 1943 година служеше како патоказ за зачеток и развој на нашата Армија, за сигурен пат до целта – членството во НАТО, како дел од системот за колективна одбрана и конечно, како фактор за мир и стабилност во регионот.
Истовремено, искажуваме благодарност до сите офицери, подофицери и цивилни лица во Армијатa, кои овие три децении се посветија целосно и макотрпно ја градеа нашата Армија. Создадоа историја и оставија пример, за наредните генерации.
Нека е честит јубилејот 30 години Армија и за многу години Денот на Армијата на Република Северна Македонија - 18 Август!