ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ ОДБЕЛЕЖАНА ВО ВАЛАНДОВО
Ученици од основните училишта, заедно со децата од Дневниот центар од Валандово учествуваа на спортскиот настан по повод Европската недела на спортот и се натпреваруваа во дисциплините:
- пешачење;
- возење велосипед;
- возење ролери и
- трчање.
Преку игрите децата ја нагласија желбата за заедништво, испратија пораки за инклузија во општеството и ја потенцираа важноста од физичка активност и здрави животни навики во заедницата.
Градоначалникот Перо Костадинов им се заблагодари на наставниците по физичко воспитување за организацијата на овој настан, како и на Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишен спорт за поддршката. Заедно, оставаме позитивен пример зад нас и втемелуваме вредности, за генерациите по нас.