📖 НЕКА Е ЧЕСТИТ 5 МАЈ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
📚 Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со професорката Елизабета Чилевска Пандева, по повод Денот на македонскиот јазик, ја разговараа за изложбената поставка со дела од Блаже Конески во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.
📃 На 5 мај 1945 година, Народната Влада на Федерална Македонија донела Решение со кое ја усвоила азбуката на македонскиот јазик, а два дена покасно и Решение за усвојување на македонскиот правопис.
🖋️ На овој процес, претходела кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик за која најголема заслуга имал Блаже Конески. Исклучително важни дела за процесот на кодификација, се неговите: Речник на македонски јазик и Историја на македонски јазик.
Мајчиниот јазик, е нашата идентитетска посебност и вредност. Да го чуваме, да го негуваме и преку него да се образуваме. Нека е честит и вековит, овој ден.