ООУ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ - ВАЛАНДОВО ГО СЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК
Вчера, делегација на Општина Валандово предводена од градоначалникот Перо Костадинов положи цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито во Валандово, по повод патрониот празник на нашето најголемо основно училиште во општината.
ООУ „Јосип Броз Тито“ е креаторот на знаење и основата на општинскиот развој. Училиштето образува, развива таленти и изнедрува силни индивидуи, подготвени да преземат одговорност во иднина.
Градоначалникот Костадинов упати огромна благодарност до наставниот кадар од училиштето, за посветеноста со која работат и мисијата која ја реализираат низ своите животи. Нивната улога е благородна, за нас животворна и суштинска за опстанокот на заедницата.