ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА
Градоначалникот Перо Костадинов заедно со учителката Даниела Крстиќ во ПОУ „Страшо Пинџур“ Удово, денес ги дочекаа новите првачиња и заеднички го поздравија нивниот нов почеток.
Тие, заедно со својата учителка го одржаа првиот час, се запознаа со своите нови другарчиња и зачекорија по новите животни патеки.
Градоначалникот им посака добро здравје, насмевки и нови знаења.
„Нека растат безгрижно, бидат добри луѓе и сонуваат. Да го хранат убавото во себе, да станат успешни кон своите цели и да изградат подобар свет околу себе. Започнувајќи од претходната година, Општина Валандово започна да реализира исплатата на еднократен паричен додаток за семејствата со прваче. Мерката е уште еден од низата чекори кон солидарна и инклузивна заедница, која се поддржува меѓусебно и дава шанса на секого. Нека им е со среќа.“ - напиша градоначалникот Костадинов на социјалните мрежи.