12 МАЈ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ
Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, разговараше, а воедно и искажа голема благодарност на Пена Собралиева, за нејзиниот 38 годишен ангажман како медицинска сестра во Здравствен дом Валандово.
„Таа работи во службата за итна медицинска помош, покажува исклучителна хуманост и професионализам, и е пример за помладите во институцијата. По повод 12 мај - Меѓународниот ден на медицинските сестри, искажувам благодарност до сите медицински сестри за беспоштедноста во работењето, им честитам на храброста и ги поттикнувам да ја продолжат сопствената животна мисија, како и до сега.“ - напиша градоначалникот Костадинов на социјалните мрежи.

