ОРГАНИЗИРАНО СОБИРАЊЕ НА ОТПАД ВО ЦЕЛА ОПШТИНА
За успешно реализираниот проект за набавка на механизација за подобрување на комуналните услуги во општина Валандово, со под-заем средства преку проектната единица на министерството за финансии и МСИП, проектот финансиран преку Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка во висина од 3.400.000 денари, добиени се неповратни грант средства за реализација на проектот за набавка на садови за собирање на отпад, во вредност од 765.069 денари.
♻️ Целта на овој грант е вклучување на преостанатите населени места од општината во организираниот систем за собирање на отпад и уште еден исчекор напред кон здрава и чиста животна средина.
Од реализацијата на овој проект директна корист ќе имаат повеќе од 800 граѓани од општина Валандово.
Поставени се стратешки цели во заедницата, фокусирани сме на нив и не отстапуваме.
🔄 Валандово го сакаме без отпад, ги менуваме животните навики, се организираме и оставаме пример за наредните генерации.