ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ПРВА ПО АКТИВНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ДРЖАВАТА
📊 Според истражувањето за активна транспарентност извршено од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер објавени на веб - страните, општина Валандово се наоѓа на првото место во државата.
📑 Истражувањето ги опфаќа сите локални самоуправи, Центрите за развој на планските региони и ЗЕЛС. Земени се во предвид 22 категории на информации кои имателите на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници како и степенот на нивно ажурирање.
📈 Изминативе три години општина Валандово постојано напредува на скалата за транспарентност. Од 83 место пред три години, до највисока транспарентност годинава.
Транспарентноста на институциите ја зголемува довербата кај граѓаните и поттикнува на одговорно владеење. Градиме отчетна заедница со информирани граѓани. Создаваме нова култура на владеење и заедно испишуваме успех.
Подетално за целиот извештај можете да се информирате на веб страната на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (ЛИНК) или во делот за документи подолу на оваа објава.
ДОКУМЕНТИ:
- Извештај за активна транспарентност (јули 2021)