ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ВО ТОП ПЕТ НАЈТРАНСПАРЕНТНИ ИНСТИТУЦИИ ВО ДРЖАВАТА
📈 Според најновите истражувања на индексот на активна транспарентност, од страна на Центарот за граѓански комуникации, Општина Валандово се наоѓа на првото место во регионот и во петте најтранспарентни институции во државата.
📊 Од дното по транспарентност, односно 83 место во 2018 година, Општина Валандово годинава изби на врвот на оваа листа од сите вклучени институции, со 94,3 % ( од можни 100 %).
Градиме транспарентна општина и чесно располагаме со јавните пари. Негуваме максимална отчетност и поттикнуваме на доверба во системот. Преку одговорно владеење до севкупен развој.
Повеќе информации можете да прочитате на www.ccc.org.mk
#Продолжуваме ✊