УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО
Министерката за образование и наука, Мила Царовска беше во работна посета на СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово, каде се воведени нови дуални паралелки.
Годинава беа воведени следниве две паралелки:
🔹 дентален асистент;
🔹 техничар за компјутерско управување.
🎒 Преку новите стручни паралелки се отвараат нови можности за учениците и се пристапува кон планирано продуцирање на стручни кадри во заедницата.
Училиштето потпиша меморандуми со неколку локални и регионални компании и воспостави соработка за изведување на стручна доквалификација на учениците.
📖 Преку промени и адаптација на новото време, трасираме пат кон развој и креираме иднина заеднички. Одговараме на потребите на реалниот сектор и заедно поставуваме цели.