ЗАЕДНО ГОТВИМЕ, ЗАЕДНО СЕ СМЕЕМЕ, ЗАЕДНО СМЕ ЕДНО ❤
💜 Градоначалникот Перо Костадинов заедно со дечињата од Дневниот центар во Валандово, нивните родители и вработените во центарот, утринава заеднички приготвуваа појадок, се забавуваа и надополнуваа.
💛 Секој од нав на различен начин ја покажа сопствената креативност во кујната, испраќаа убави емоции, пораки за посилна инклузија во заедницата, отвореност за различниот од себе, многу насмевки и љубов.
🧡 Живееме во свет на различности и сите сме посебни на свој начин. Различно размислуваме, сакаме и создаваме.
💚 Истовремено, секој на секого му е потребен, баш таков каков што е. Затоа негуваме свет со многу бои. Сакаме шарен свет. Сакаме свет на различни насмевки и прегратки. Сакаме место под сонцето за сите.
💙 Да се поддржуваме и негуваме. Да ја мултиплицираме љубовта. Да носиме радост во секоја душа.