Се запознаваме суштински, поврзуваме успешни приказни и отвараме можности за нови предизвици
Градоначалникот Перо Костадинов заедно со градоначалничката на општина Трбовље, Јасна Габриќ ја посетија компанијата ДПТУ „Наматекс“ во Валандово. Имаа можност одблиску да се запознаат со оваа бизнис приказна во нашата заедница, која вработува околу 80 луѓе, демонстрира силна развојна компонента и целосна посветеност од фамилијата Коцеви која ја развива околу две децении.
Валандовските компании имаат свој пријател во Словенија како членка на ЕУ и подадена рака за поддршка. Пријателствата ги градиме цврсто и на долг рок. Тие се наша дополнителна вредност и не носат напред сите. Отворени сме кон светот, инвестираме во сопствениот потенцијал и се поврзуваме. Целта е заедничкиот успех.