РАЗВОЈ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ОД НАЈМАЛИ ГОДИНИ
🖐 Денес, градоначалникот Перо Костадинов присуствуваше на отворениот ден по Граѓанско образование во ООУ "Јосип Броз Тито" - Валандово на тема „Волонтерство“, заедно со наставникот Зоран Тодоров и учениците од осмо и деветто одделение.
Од страна на учениците беа презентирани досегашните активности на училиштето во областа на волонтерството и ученичките иницијативи во заедницата. Учениците активно соработуваат со општинските институции и невладини организации од општината и оставаат вреден пример за генерациите зад нив.
Се разговараше за важноста на вклученоста во заедницата и развивањето на сопствената иницијативност од најмали години и потребата од максимална вклученост во токовите од секој еден граѓанин. Градоначалникот го поздрави нивниот досегашен прилог во градењето инклузивна и емпатична заедница, ги охрабри на тој пат и им се заблагодари за досегашниот придонес.
🤝 Иницијативите за граѓанска вклученост ги зајакнуваат демократските вредности во зедницата и развиваат општествено одговорни индивидуи. Преку ваков пристап аеднички градиме отворена заедница со одговорни институции и будни граѓани.


