ПОВИК ДО УГОСТИТЕЛИ И ДОБАВУВАЧИ НА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
До
Угостители и други субјекти
за достава на храна и пијалоци
Предмет: Повик за прибирање на понуди
Дата: 07.06.2021
Почитувани,
Бирото за развој на образованието, со поддршка на Кнацеларијата на УНИЦЕФ, на 5 и 6 јули 2021 година ќе организира обуки, на наставници од прво и четврто одделение, и за истите ни е потребно од Ваша страна да ни доставите понуда за обезбедување на храна и освежување за учесниците.
Обуките се предвидени во следните датуми и следниот број на учесници:
05.07.2021 – 17 лица
05.07.2021 – 17 лица
Вкупно: 34 лица
Ве молиме да ни доставите понуда за обезбедување на:
- Ладен сендвич, безалкохолен пијалок и кафе.
- Храната треба да биде спакувана хигиенски за секој учесник поединечно.
- Да се обезбеди хигиенски прибор, пластични чаши (одделно за пијалок и кафе), хартиени салфети.
- Храната да биде доставена до местото на на одржување на обуките.
Доколку сте заинтересирани за соработка, Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда во рок од 5 дена, најдоцна до 11.06.2021 година на e-mail: administracija@valandovo.gov.mk или во архива на Општина Валандово.
Лице за контакт и дополнителни информации: Владимир Лазов, 071/239-849
ПОВИК (pdf)