ЧЕСТИТ ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА И НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
✏ Градоначалникот заедно со учениците од второ и трето одделение од ПОУ "Страшо Пинџур" - Удово, преку креативна работилница од учителот Љупчо Шумкаров го одбележаа Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик.
На денешен ден 5 мај, 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озаконил првиот правопис на македонскиот јазик.
Претходно, македонскиот јазик бил потврден со Решение на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски. Најзаслужен за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик бил Блаже Конески.
📃 Македонскиот јазик денес е признаен во светот како наша посебност, истиот претставува столб на македонскиот идентитет и најсилно обележје на македонскиот народ. Негата за македонскиот јазик е заедничка одговорност. Да го чуваме и унапредуваме нашиот мајчин јазик и достојно да го предадеме на идните генерации.