ДИРЕКТОРОТ НА АФПЗРР, НИКИЦА БАЧОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со претседателот на Советот на Општина Валандово и раководителот на ПЕ на МЗШВ во Валандово, остварија работен состанок со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.
Преку мерките на АФПЗРР изминатиот период беа реализирани неколку значајни инфраструктурни проекти во општината:
🔹️ Изградба на пат за поврзување на регионален пат Р-1105 со населено место Горна Мала, Јосифово;
🔹️ Изградба на нова улица во населено место Удово;
🔹️ Тампонирање на пат од Бајрамбос до Кочулски водопади;
АФПЗРР константно инвестира во проекти кои се важни за руралниот развој и ги поддржува индивидуалните земјоделци од нашата општина. Целта е преку заедничка и долгорочна стратегија да создадеме систем кој ги развива нашите компаративни предности и овозможува развој на долг рок.
?