Работна посета на Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците
Денес, во работна посета на Општина Валандово е Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците, Милутин Станчиќ.
Се разговараше за состојбите во образованието и отварањето можности за помалите заедници во општината. Ја потенциравме потребата од оддржување и негување на посебноста на помалите заедници и важноста на градењето мостови меѓу различностите.
Се посети ООУ "Страшо Пинџур" во Јосифово, каде од минатата година е воведено изучување на српски јазик како изборен предмет. Учениците во оваа училиште повторно имаат можност, да го изучуваат и српскиот јазик од трето до петто одделение и да реализираат образовни програми преку кои поблиску се запознаваат со посебноста на српската заедница овде.
Запознавањето на различниот и неговата посебност е предуслов за квалитетен соживот и разбирање. Меѓусебната поддршка и влогот во инклузивно општество, е основа за силно заедништво во разликите и заеднички исчекор напред.




?