ГРАДИМЕ ХУМАНА И ЕМПАТИЧНА ЛОКАЛНА ЗАЕДНИЦА
Денес, градоначалникот на Општина Валандово оствари работен состанок со претставници од УНДП, Центарот за вработување - Валандово и членовите од мобилниот тим како даватели на услуги на стари и изнемоштени лица. Се разговараше за активностите поврзани со проектот "Се грижиме", како дел од мерката Општинско - корисна работа и за потребата од истиот во насока на градење хумана и емпатична заедница.
Во рамки на проектот "Се грижиме", кој го спроведува Општина Валандово, функционира мобилен тим во кој се вклучени:
🔹️ медицинско лице,
🔸️ социјален работник и
🔹️две лица за основни работи.
Членовите на мобилниот тим се ангажирани за поддршка на ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства со лица со попреченост.
Во моментов, услугата ја користат околу 50 лица од општина Валандово и преку секојдневна комуникација со граѓаните, членовите од тимот пружат основна медицинска помош и вршат набавка на прехрамбени продукти, средства за хигиена, лекови и сл.
🔷 Сите граѓани кои имаат потреба од услугите на тимот за поддршка, може да се јават на:
📞 071/239-849