ОДРЖАНО ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ЗЕЛС
Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа денеска ја одржа конститутивната седница на која ги избра членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Комитетот на Советите на ЗЕЛС.
Градоначалникот Перо Костадинов изрази голема благодарност до останатите членови на управниот одбор за дадената доверба да биде избран за потпретседател на ЗЕЛС.
За Претседател на заедницата е избрана градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, додека за потпретседател е избран и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.
Во периодот кој следи, како потпретседател потенцираше дека превзема одговорност да даде се од себе и да се вложи целосно кон процесот на самостојност на локалните самоуправи и суштинско децентрализирање на државата.
„Заедно стремиме кон европски вредности кои поттикнуваат на одговорност во општеството. Сакаме дисперзија на општествената моќ, директна одговорност и непосредност во комуникацијата на институциите со граѓаните.“ - напиша градоначалникот на неговата facebook страна.