РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА НОВИТЕ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Во организација на ЗЕЛС се одржа работен состанок помеѓу градоначалниците и министерката за образование и наука, Мила Царовска на кој се разговараше за подготовките за имплементација на новите наставни програми во основното образование и обврските за секој од функционерите како чинители во процесот околу организацијата на обуки за наставниот кадар и целосна функционалност на утврдените наставно научни програми.
Концепцијата за основно образование предвидено е да се воведува етапно во период од шест години, а ќе започне да се реализира во прво и четврто одделение од септември годинава. Работниот состанок се одржа преку онлајн апликацијата ZOOM, согласно пропишаните протоколи за справување со пандемијата од Ковид вирусот.
