ООУ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ - ВАЛАНДОВО ГО СЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК
Денес, градоначалникот Перо Костадинов заедно со делегација од Општина Валандово, положија свежо цвеќе пред училиштната биста на „Јосип Броз Тито“ во Валандово, по повод патрониот празник на најголемото основно училиште во нашата општина.
📚 ООУ „Јосип Броз Тито“ години наназад претставува расадник на знаење и успешни приказни во општина Валандово. Училиштето бележи одлични резултати на сите регионални и државни натпревари и е основата за целиот општински развој во иднина.
Одбележувањето на патрониот празник се одржа без присутни гости и свечени настани, поради мерките за заштита од пандемијата на „Ковид-19“.