ЗДРАВИ СПОРТСКИ НАВИКИ ОД НАЈМАЛИ ГОДИНИ
Градоначалникот Перо Костадинов, заедно со тренерите Антонио Динов и Александар Исиров присуствуваа на денешниот тренинг на младинските категории на ФК Победа - Валандово.
⚽️ ФК Победа Валандово реализира активни тренинзи на околу 70 деца од градот на возраст од 8 до 14 години. Во клубот функционираат машки и женски категории кои активно реализираат по три тренинзи во текот на неделата.
👪 Од почетокот на летниот период во склоп на клубот активно функционира и спортската летна школа во која членуваат околу 30 деца помали од седум години, со чии тренинзи раководи наставникот по физичка култура Антонио Динов.
👋 Поттикнуваме развиток на младински спортски категории и заеднички се вложуваме кон заедница на здрави навики од најрани години.



