🍇 ВАЛАНДОВСКА РАКИЈАДА 2021
🍶 Општинската манифестација „Валандовска ракијада“ се одржува и годинава. Се работи за настан од голема култролошка важност за Валандово кој ја отсликува посебноста на заедницата и ја симболизора валандовската семејна традиција.
На манифестацијата оваа година учествуваат 20 натпреварувачки тимови, еден тим од ревијален карактер и стручна комисија која ги бира најдобрите.
🗃 Учесниците се натпреваруваат во производство на лозова ракија со марифет пренесуван генерации наназад. Секогаш победуваат нијансите и квалитетот се издига на ново повисоко ниво.
👉 Тимот од ревијалниот дел, денес произведува ракија од калинка, како нов метод во заедницата и можност за надградување на традицијата.
Ова е настан кој обединува и сплотува. Испраќаме пораки за заедништво, важноста на фамилијата и негување на вредностите наследени од нашите предци.
Избрани беа најдобрите мајстори на стариот занает на овогодинешната „Валандовска ракијада“, доделени се признанија и врачени се благодарници за учеството на сите учесници.
🥇Прво место годинава освоија Ѓорги Пандев и Никола Смиланов.
🥈Второ место: Марјан Ташков и Слободан Џилвиџиев.
🥉Трето место: Ѓорги Дончев и Константин Гетов.
Традицијата на производство на лозова ракија продолжува во Валандово. Им честитаме на најдобрите и им благодариме на сите кои учествуваа 👏
🙌 Да живее валандовската вредност и посебност.