Конкурс за обука за негуватели за помош на стари лица и лица со попреченост
Општинската организација на Црвен крст во Струмица распишува Конкурс за обука на Негуватели за помош на стари лица и лица со попреченост. Станува збор за проект за зголемување на социјалните услуги во општина Валандово, кој е поддржан од Австрискиот Црвен крст во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија.
Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на општините Радовиш, Валандово и Гевгелија, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 18.02.2021 до 01.03.2021 година во просториите на Општинската организација Црвен крст Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија: или на телефонските броеви 075/670-075; 071/205-168; 072/252-022 како и на mail strumica.negacentar@redcross.org.mk секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Повеќе информации за конкурсот можете да прочитате на овој ЛИНК.
?