Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48
и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ”
бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и („Службен весник на РСМ”
бр.275/19 и 14/20) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,
начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на
спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на
нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во
зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018), а согласно
Правилникот за систематизација на работните места во општинската
администрација на Општина Валандово бр.01-608/3 од 10.07.2019 година и
бр.01-994/1 од 30.12.2020 година, Секретарот на Општина Валандово објавува


ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021

за унапредување на административен службеник во
администрацијата на Општина Валандово


Општина Валандово објавува интерен оглас за унапредување на
административен службеник во администрацијата на Општина Валандово, за
следното работно место:


Работно место под реден број 30

Шифра: ИНС 01 01 Б04 001
Назив на работното место: Раководител на одделение за инспекциски
надзор- виш инспектор
Орагнизациона единица: Одделение за инспекциски надзор- инспекторат
Број на извршители: 1


Посебни услови за работното место:

степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според
Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според
ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Архитектура, Урбанизам и
планирање и Градежништво и водостопанство,
- работно искуство: најмалку четири години работно искуство по
дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор.


Посебни работни компетенции:

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- положен испит за административно управување.
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската
Унија (англиски, француски и германски),


Општи услови за работното место:

- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на
вршење професија, дејност или должност


На интерниот оглас може да се јави административен службеник
вработен во општинската администрација на Општина Валандово, кој покрај
општите и посебните услови, треба да ги исполнува и следните услови:

- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно
место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен
интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на истото ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред
објавувањето на интерниот оглас.


Распоред на работно време:

- неделно работно време: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40
- работно време: почеток на работно време помеѓу 7.00 и 8.00 часот и
завршеток на истото помеѓу 15.00 и 16.00 часот, а со вкупно времетраење на
работниот ден од осум часа.


Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и
делот на плата за ниво: 29.714,00 денари


Заинтересираниот административен службеник поднесува пријава на
службената електронска адреса на Одделението за правни и општи работи,
јавни дејности и човечки ресурси administracija@valandovo.gov.mk


Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во
пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на
интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Општина Валандово,
да ги достави до Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и
човечки ресурси.


Кон пријавата кандидатот може да приложи:
• потврди за успешно реализирани обуки и/или
• потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или
менториран административен службеник).


Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична
одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените
докази верни на оригиналот.


Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди
дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка
по овој оглас.


ПРИЛОГ:
ПРИЈАВА за унапредување на административен службеник (word doc.)


ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Секретар
Боро Киров


Документи во прилог:

ИНТЕРЕН ОГЛАС (pdf)

ПРИЈАВА (word)


ОДЛУКА по интерен оглас број 01/2021 донесена на дата 01.03.2021 година

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches Richard Mille Replica Watches Rolex Replica Watches Rolex Air King Replica Watches Rolex Cellini Replica Watches Rolex Submariner Replica Watches www.bestclonewatch.com Burgundy Vinyl Wraps Orange Car Wraps 3M Vehicle Wraps Avery Dennison Vinyl Wrap Nas Car Wraps Car Wraps