ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2022
📑 Заедно со граѓаните го изработивме Предлог Буџетот на Општина Валандово за 2022 година.
Секој граѓанин од нашата општина, сопствените предлози и идеи имаше можност да ги достави преку двете електронски алатки за комуникација:
💻 анкетен прашалник - https://docs.google.com/.../1FAIpQLSdAKqHHTbDVLp.../viewform
📱 мЗаедница - https://mzaednica.mk/
📨 До општината беа испратени над 150 предлози и идеи, за реализација на општински проекти наредната година. Сите доставени предлози беа разгледани, а повеќето од нив добија и свое место во новиот Буџет.
Освен капитални инвестици, во Буџетот за наредната година предвидени се и инвестиции во социјалната заштита, родовата сензитивност, младинското организирање, граѓанските здруженија, спортот и културата.
🙌 Нашата заедницата е отворена, непосредно комуницира и се движи напред.
Градиме доверба преку дијалог, се почитува сечиј став и заедно поставуваме нови демократски стандарди во Валандово.