ЗАКЛУЧОК ЗА РЕЗУЛТАТИ ОД ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021 - ВАЛАНДОВО
Врз основа на член 136 став 3 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр. 98/2019, 42/2020, 74/2021 и 215/2021), Општинската изборна комисија Валандово на ден 23.10.2021 година го донесе следниот:
ЗАКЛУЧОК (pdf)
Со овој Заклучок се објавуваат конечни резултати од Локалните избори 2021 година од гласањето за Градоначалник и членови на Совет на Општина Валандово кои се одржаа на 17.10.2021 година.
Конечни резултати за избор на Градоначалник на Општина Валандово се:
7. Тони Узунов (ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА „ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА“) - 2.455 гласови
12. Перо Костадинов (Коалиција „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА) - 3.798 гласови
Во првиот круг за Градоначалник на Општина Валандово е избран кандидатот предложен од Коалицијата „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ предводена од СДСМ, ПЕРО КОСТАДИНОВ.
Конечни резултати за избор на членови на Совет на Општина Валандово се:
7. ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА „ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА“ - 2.382 гласови
12. Коалиција „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА - 3.224 гласови
15. Политичка партија ЛЕВИЦА - 279 гласови
19. Единствена Македонија - 305 гласови
Според освоените гласови на листите на кандидати за членови на совет на Општина Валандово, Коалицијата ,,НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“ предводена од СДСМ освои 9 советнички места, ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА „ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА“ освои 6 советнички места, Политичката партија ЛЕВИЦА не освои ниту едно советничко место и Политичката партија Единствена Македонија не освои ниту едно советничко место.
ДОКУМЕНТИ:
- Заклучок (pdf)