Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Валандово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2021 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Се Грижиме“ за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Валандово.
За повеќе детали за Јавниот повик можете да се информирате подолу во делот за документи.
ДОКУМЕНТИ:
- Јавен повик за невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа (pdf)