ИЗВЕСТУВАЊЕ
СЕ ИЗВЕСТУВААТ ГРАЃАНИТЕ И ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ЧИИ ИМОТИ СЕ ОШТЕТЕНИ ОД СЛАНАТА ШТО ГО ЗАФАТИ ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО НА ДЕН 08, 09, 10 АПРИЛ 2021 ГОДИНА, ДЕКА МОЖАТ ДА ГИ ПРИЈАВАТ ПРИЧИНЕТИТЕ ШТЕТИ, СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИЈАВА КОЈА МОЖАТ ДА ЈА ПОДИГНАТ ОД АРХИВАТА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ИЛИ ДА ЈА СИМНАТ ОД ВЕБ СТРАНАТА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО.
ПРИЈАВИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОДИГНАТ ПОЧНУВАЈЌИ ОД 22.АПРИЛ 2021 ГОДИНА И МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСУВААТ НАЈДОЦНА ДО 30 АПРИЛ.
КОН ПРИЈАВИТЕ СЕ ПРИЛАГА:
- Копија од Имотен лист
- Копија од лична карта
- Трансакциона сметка
ОПШТИНСКА КОМИСИЈА
ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ
ДОКУМЕНТИ:
Прилог 1: ПРИЈАВА (pdf)