Потпишан договор за реализација на Проектот за модернизација и енергетска ефикасност на јавното осветлување во општина Валандово


Потпишан договор со ЕСКО компанијата - ИЦС Системи, за реализација на Проектот за модернизација и енергетска ефикасност на јавното осветлување во општина Валандово.

Со договорот, компанијата е обврзана да ги промени уличните светилки низ општината, со високо квалитетни, модерни и енергетско ефикасни светилки. Реализацијата на проектот започнува наредните денови и преку истиот општина Валандово ќе обезбеди значително намалени издатоци за сервисирање и трошоци за електрична енергија, на долг рок.

Со ова, општина Валандово ги следи позитивните примери од ЕУ и регионот, каде енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа, како за граѓаните, така и за економијата воопшто.

ЕСКО моделот, претставува можност за склучување договори за реализација на проекти за подобрување на енергетската ефикасност на јавното осветлување и јавните објекти, како и за набавка на енергетска опрема и инсталации, без претходно обезбедување на средства од страна на општинскиот или државниот буџет.

Целта на избор на ЕСКО компанија од страна на Општина Валандово, е општината да го замени постоечкото старо и дотраено улично осветлување со ново економично ЛЕД осветлување, да ги намали финансиските издатоци, како и да допринесе до намалување на загадувањето на животната средина.

Во општина Валандово, предвидена е замена на 1800 сијалични места низ населените места во општината, намалување на емисиите на штетни стакленички гасови за 424,6 тони годишно и зголемена заштеда на средства за околу 50%.

Финансирањето, изведбата и гаранциите за имплементацијата на проектот ќе ги сноси ЕСКО компанијата, која е избрана по јавниот оглас, додека пак ануитетот кон ЕСКО компанијата, општината ќе го плаќа исклучиво од заштедата на енергијата со месечни ануитети до реализацијата на договорот, без зголемување на цената за јавно осветлување.

По истекот на договорот, целата заштеда на енергија и опремата остануваат во сопственост на општината.

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches