УВИД ВО ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ЈОСИФОВО
Според предвидената динамика се одвиваат градежните активности на новата детска градинка во Јосифово. Редовно се одржуваат координативни состаноци со надлежните служби од Министерството за труд и социјална политика и со претставници од Светска банка. Се гради енергетски ефикасен објект по сите највисоки стандарди.
Новата детска градинка ќе биде со површина од 410 квадратни метри и капацитет за престој на повеќе од 60 деца. Се гради целосно независен објект со уредени парк и паркинг простор во надворешниот дел. Јосифово добива двојно поголем капацитет за згрижување на деца од сегашниот, адекватни услови за изведување на воспитно образовната настава и можност за вклучување на сите деца од населеното место кое се на претшколска возраст.