ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ЈОСИФОВО
Градоначалникот Перо Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска извршија увид во градежните активности на новата детска градинка во Јосифово.
🏫 Изградбата на објектот е во напредна фаза и истата се одвива според планираната динамика. Се гради капитален објект по највисоки стандарди.
Јосифово добива детска градинка со големина од 410 квадратни метри со капацитет за повеќе од 60 деца и обезбедени сите потребни услови за правилен развој на најмалите.
Заедно создаваме заедница која вклучува од најрани години и изнедрува здрави и способни индивидуи.
Изјава за медиуми - ЛИНК