СЕ РЕШАВА ПРИСТАПОТ ДО МЕСНИТЕ ГРОБИШТА И ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ СО АТМОСФЕРСКИ ВОДИ ВО ПИРАВА
🏗 Започнуваме со изградба на улица „Цветан Димов“ во Пирава, го решаваме проблемот со пристапот до месните гробишта и обезбедуваме подобри услови за живот на повеќе граѓани кои живеат долж улицата.
Реализацијата на проектот ќе опфаќа:
🔴 изградба на улица во должина од 320 метри и ширина од 4.5 метри;
🔵 изградба на каскаден систем за оспорување на атмосферски води;
🟡 канал во должина од 190 метри;
🟢 10 индивидуални влезови со армирани бетонски плочи.
Во Пирава инвестираме по приоритет и решаваме долгогодишни проблеми на граѓаните. Го слушаме гласот на граѓаните, го развиваме населеното место и заедно одиме напред бидејќи секој е важен. 🤝