Продолжуваат градежните активности во Пирава
Овој период, се асфалтираат и бетонираат неколку улици во Пирава. Се обезбедува квалитетна и безбедна инфраструктура и се инвестира во подобри услови за живот.
Во моментов, се изведуваат градежни активности на:
🔸️️ ул. "Димитар Устамитов" и
🔸️ ул. "11 Октомври".
Претходно, целосно беше завршена изградбата на:
🔹️ ул. "Владо Џонов"
🔹️ улица во населбата "Бутел".
Влогот во инфраструктурата останува приоритет и во наредниот период. Нова инфраструктура ќе добијат повеќето населени места од општината. Буџетот ќе се распределува рамномерно, по претходно утврдени приоритети.