НОВИ УРБАНИ ТРОТОАРСКИ ПОВРШИНИ ВО ВАЛАНДОВО
Во тек е јавна набавка за целосна реконструкција на тротоарските површини долж улицата „Моша Пијаде“ во Валандово.
Предвидена е целосна замена на старите и оштетени бетонски тротоари со нови тротоари од современ павер материјал, засадување на нови садници во склоп на постоечкиот дрворед од липи и поставување на нова урбана опрема.
Инвестираме во модерен и урбан град, создаваме современи пешачки зони и го зголемуваме зеленилото во Валандово.