КАЛИНКАТА Е НАШИОТ СИМБОЛ НА ЗАЕДНИШТВОТО
Во централниот дел на Валандово се поставува просторно скулптурна инсталација во форма на калинка, која е дело на македонскиот уметник Љубиша Камењаров.
Проектот е во продукција на Центарот за Современи Уметности - Скопје и истиот има за цел врз база на локалниот контекст да ја претстави културолошката вредност на калинката за нашата заедница.
Симболите што обединуваат како зрнцата од внатрешноста на калинката се наши симболи кои ги истакнуваме и негуваме, постојано. Го славиме пријателството, сплотени сме во желбата за прогрес и заедно победуваме 🤝