ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ПАТЕКА ДО ИСАР КУЛАТА
📑 Во Валандово се одржаа четвртата редовна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и конститутивната седница на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион.
🖊 На седницата, беше потпишан договорот со ЈИПР за уредување на туристичка патека од манастирот Св. Ѓорѓи до Исар Кулата во Валандово.
Со овој проект, се предвидува:
🔹 изградба на патека до Исар Кулата;
🔹 поставување на клупи,
🔹монтирање на патокази;
🔹 ново ЛЕД осветлување;
🔹 телескоп за набљудување;
Развиваме нова туристичка зона во општината, создаваме нов простор за рекреација на валандовчани и поттикнуваме на нови навики во природата.
🗂 Исто така, Советот за развој на нашиот регион ја донесе Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година и го конституираше Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион како ново тело преку кое ќе се развива и социјалната компонента во регионот.
Преку заедништво, градиме рамномерен развој и заедно планираме иднина. Продолжуваме да ги одредуваме регионалните приоритети, носиме колективни одлуки и обединети сме пред предизвиците 🙌


