ГО ОДБЕЛЕЖУВАМЕ ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
🌍 По повод Денот на планетата Земја, заедно со основците од подрачното училиште во Башибос градоначалникот на општината учествуваше во акција за хортикултурно уредување на училиштниот двор. Исто така, во детската градинка #Калинка - Валандово, дечињата преку креативна работилница испратија пораки за чиста и здрава планета, како и повици за одговорност кон нашата животна околина од секој од нас.
🌳 Целта на денешните активности беше да се подигне свесноста во заедницата за важноста на здравата и чиста животна околина, да се втемелат здрави животни навики кај граѓаните, како и чистата и здрава животна средина да биде цел, уште од најмали години.
Преку влог во обновливи извори на енергија, зголемување на зеленилото и одговорно справување со отпадот да го намалиме загадувањето и заеднички да создадеме чиста планета и здава иднина.



