СОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ВАЛАНДОВО ГО СЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК
Денес, делегација на Општина Валандово положи свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во Валандово, по повод патрониот празник на нашето средно општинско училиште од градот кое го носи неговото име.
На 118 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев оддаваме почит на неговиот лик и дело. Годинава одбележувањето се одржа без присутни ученици, гости и пригодни настани, поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.
Справувањето со предизвикот и враќањето на учениците во своите училишни клупи е заедничка желба. Преку одговорен пристап од секого, да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.