ДНЕВЕН РЕД
за одржување на јавна расправа/видео консултација за документот
План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за
“Изградба на ул.”Јосифово-Калково”, ул.”Балинци” и
ул.”Новопроектирана 1 со крак 1”, општина Валандово
во рамки на
Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
Ве покануваме на јавна расправа / видео консултација за документ План за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на локалната улица “Изградба на ул.”Јосифово-Калково”, ул.”Балинци” и ул.”Новопроектирана 1 со крак 1”, општина Валандово, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија која ќе се одржи на 02.04.2021 (петок) со почеток во 10.00 часот, со следниот дневен ред:
- Воведно излагање на претставник од Министерство за транспорт и врски за Проектот за поврзување на локални патишта; - 10 минути
- Краток осврт на проектните активности од страна на претставник од Министерство за транспорт и врски; – 15 минути
- Краток осврт на документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” (м-р Сашка Богданова Ајцева, Специјалист за животна средина и социјални аспекти); – 20 минути
- Дискусија.
Датум: 23.03.2021
Министерство за транспорт и врски
Единица за имплементација на проект
ПРИЛОГ ДОКУМЕНТИ:
- Дневен ред за јавна расправа
- Известување за јавен увид на документ План за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) за Изградба на ул.Балинци, ул.Јосифово-Калково и ул.Новопроектирана 1 со крак 1
- Формулар за поднесување коментари
- План за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)
- Министерство за транспорт и врски - ЛИНК