Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 став 2 од Статутот на Општина Валандово и член 60 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Валандово, донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на четириесет и четвртата редовна седница
на Советот на Општина Валандово
Ја свикувам четириесет и четвртата редовна седница на Советот на Општина Валандово.
Седницата ќе се одржи на ден 26 февруари 2021 година (петок) во 14,00 часот, во Домот на културата „25-ти Мај“ Валандово.
За работа на четириесет и четвртата редовна седница го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Завршна сметка на Буџетот на Општина Валандово за 2020 година;
- Годишен Извештај на Општина Валандово за 2020 година;
- Извештај за работата на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2020 година;
- Финансиски извештај за работата на ЈП „Комунален сервис“ Валандово за 2020 година;
- Предлог–Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Валандово;
- Предлог–Одлука за дополнување на Одлуката за комунален ред во Општина Валандово;
- Предлог–Одлука за донесување на урбанистички план за село Казандол Општина Валандово;
- Предлог–Одлука за определување на широчината на заштитниот крајбрежен појас на водотеците “К 1”, “К 2” и “К 3” во опфатот на село Калково;
- Информација за јавната безбедност и безбедност на сообраќајот на подрачјето на Општина Валандово за второто полугодие од 2020 година;
Совет на Општина Валандово
Претседател
Владимир Марков
?