Одржана работна средба на тема „Унапредување на средното стручно образование“


Заедно со Претседателот на Владата Зоран Заев, Министерката за образование и наука Мила Царовска, Амбасадор на Швајцарија Н. Е. Сибил Сугер, колеги градоначалници од регионот, претставници од средните стручни училишта и претставници на регионалниот бизнис сектор, во Домот на културата "Бран Петрушев" во Богданци, градоначалникот Перо Костадинов одржа работна средба на тема: "Унапредување на средното стручно образование".

Министерството за образование и наука периодот наназад спроведува анализа и ја утврдува соодветноста на постојните образовни профили понудени од училиштата во однос на состојбите на пазарот на труд и потребата од создавање наставни профили согласно потребите на компаниите.

На работната средба се дискутираше за следниве прашања:

🔹️ Какви профили на кадар, односно вработени со какви знаења и вештини им се потребни на компаниите;
🔹️ Дали компаниите би примиле ученици на практична настава (од кои струки/профили) и доколку не, зошто;
🔹️ Кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава и предлози како истите да се надминат;
🔹️ Каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата.

Усогласувањето на потребите, плановите и можностите на реалниот сектор со образовните институции и стратегиите за развој на општините, е основа за се понатаму. Преку комуникација од ваков формат треба да произлезе секоја реформа во образованието и да се создаде систем кој функционира беспрекорно.

Промените се неопходни за адаптација со новото време, справувањето со сиромаштијата, невработеноста и иселувањето, како и основен предуслов за создавање развој. Стравот од промени е она што стихијно не движи кон бездна. Храброста за прилагодување е она што не турка напред.

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches