ГРАДИМЕ ИНКЛУЗИВНА И ЕМПАТИЧНА ОПШТИНА


Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, одржа работен состанок со Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Се разговараше за состојбите во сферата на социјалната заштита, условите во детските градинки, лицата со попреченост и нивната инклузија во заедницата.

Заедно, го посетија Дневниот центар за децата со попреченост, кој функционира овде и го поддржува развојот на децата со попреченост од нашата општина. Се постави за цел институционално решавање на Дневниот центар во најбрз рок, како и пронаоѓање на посоодветен простор за негово функционирање.

Целта е овие деца да ги добијат сите потребни предуслови за нивно приспособување на секојдневието и поголемо инклудирање во заедницата. Односот кон лицата со попреченост е огледало на заедницата. Хуманоста и емпатијата се вредности кон кои целиме и од кои не отстапуваме.

Беше посетена локацијата каде ќе се гради новата детска градинка во Јосифово. Во завршна фаза е постапката за избор на изведувач и наредниот период започнува со изградба новата детска градинка во Јосифово. Комплетно нов и модерен објект по највисоки стандарди кој ќе има капацитет да ги згрижи сите деца во предшколска возраст од населеното место.

Исто така, ја посетија детската градинка "Калинка" во Валандово која претходниот период беше целосно реконструирана во енергетско ефикасен објект по највисоки стандарди. Истиот беше реконструиран со средства од фондовите за прекугранична соработка на ЕУ и средства од Министерството за локална самоуправа.

Се разговараше со вработените во детската градинка и се мапираа нови потенцијали за подобрување на услугите кои градинките ги пружат. Влогот во детската заштита и подобри услови на најмалите е врвен приоритет. Во претходниот период беше:
🔹️изградена нова детска градинка во Брајковци;
🔹️обезбедени повисоки плати за воспитно образовниот кадар;
🔹️инвестирано во нов ентериер во детските градинки во Пирава и Валандово и нов систем за греење во Удово.

Продолжуваме да ги подобруваме состојбите и заеднички градиме заедница која вклучува, нуди можности и изнедрува здрави и способни индивидуи.

?

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР

Rolex Replica www.rolexgrade.me rolex replica watches
Baume & Mercier Replica Blancpain Replica Replica Breguet Watches breitling replica Breitling Avenger Replica Replica Watches