Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ” бр.32/20,111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25“), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), Градоначалникот на Општина Валандово упатува:
ЈАВЕН ПОВИК
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт Детален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово, КО Валандово, Општина Валандово со технички број 04/2026 од Maрт 2026 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Валандово организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт Детален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово, КО Валандово, Општина Валандово со технички број 04/2026 од Maрт 2026 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје.
.
Граници на опфатот сe:
– На север со урбан блок 4.1
– На исток со урбан блок 4.2, 4.3, 4.4
– На југ со урбан блок 5.8, 5.5
– На запад со урбан блок 2.5, 2.5, 2,2
Согласно опишаните граници за предметниот Детален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3,1. населба “Центар” во град Валандово помеѓу улиците Булевар Првомајска, улица Никола Карев, улица 4ти Јули, улица Орце Николов, улица Иво Лова Рибар и улица Моша Пијаде и улица 6ти Ноември, вкупната површина на планскиот опфат изнесува: 12.72 ха .
Јавна анкета
Јавната анкета за Нацрт Детален урбанистички план за Урбана единица 3, за Блок 3.1, населба “Центар”, во Град Валандово, КО Валандово, Општина Валандово со технички број 04/2026 од Maрт 2026 година изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ИН-ПУМА ДОО Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Валандово како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам и на веб страната на Општина Валандово.
Јавната анкета ќе трае 45 (четириесет и пет) денови и тоа од 27.04.2026 година до 10.06.2026 година, секој работен ден од 07.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна презентација
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 28.04.2026 година (Вторник) во 13:00 часот во просториите на општина Валандово.
ДОКУМЕНТИ:
- Одлука за ЈА и ЈП (Преземи PDF)
- Решение за стручна комисија за ЈА и ЈП (Преземи PDF)
- Јавен повик (Преземи PDF)
- Соопштение за ЈА и ЈП (Преземи PDF)
- Анкетен лист (Преземи WORD)
