Стопанство

Во општина Валандово, една од најразвиените стопански гранки претставува земјоделието. Населението претежно се занимава со производство на раноградинарски и полјоделски култури. Во голема мера се застапени лозарството и овоштарството, особено со одгледување на специфични култури кои ги има само во овој крај, како што се: калинката, смоквата и јапонското јаболко.

 

Во општината успешно работи фирмата „Визба“ Валандово која врши преработка на полупроизводи и готови производи од грозје. Во склоп на „Визба“ има и „Ладилник“ ,,Оранжерии,,Валандово во кои се одгледуваат раноградинарски производи (краставици и домати).

Постојат и погони за конзервирање на овошје и зеленчук.

Развиено е и живинарството со производство на бројлери и конзумни јајца во живинарската фарма „Агрипро“ Валандово.

Сточарството е застапено во голема мера во селските средини како индивидуално сточарство, а има и погон за производство на млеко и млечни производи – Млекара „Вардарец“ с.Удово.

Во последната деценија во општината најголем замав зема текстилната индустрија, по лонг системот. Во општината опстојуваат 10 конфекции, во кој е вработена претежно женска работна сила.