1. Валандово е познaт и по својот музички фестивал ФОЛК ФЕСТ. Фестивалот се одржува на  23, 24, 25 мај секоја година. ФОЛК ФЕСТ се одржува во континуитет на богатата и долга  музичка  традиција во регионот. Започнал да се одржува од 1985 година и веќе 22 години опстојува како нова традиција во државата. Од ФОЛК ФЕСТ Валандово се излезени голем број на хитови и многу познати пејачки имиња од македонската естрада.

Во 1989 година е изградена сала која брои 1.200 седишта, и во која веќе 19 години успешно се одржува манифестацијата. Секоја година се врши пренос од Македонската телевизија и фестивалот е гледан не само од домашната публика, туку и во дијаспората.

  1. Фестивалот на пролетни веселби  ХИД- БАХ ШЕН ФЕСТ, е манифестација која постои од 1992 година , и непрекинато се одржува секоја година во селото Чалакли, Валандово, во почетокот на месец мај. Самиот фестивал е истовремено прослава на пролетните празници, како дел од традицијата на турското население, но истовремено и промоција на турската култура и традициа, представена во повеќе форми. ХИДРЕЛЕЗ е празник кој го означува почетокот на новиот циклус во природата, на нејзината обнова, и затоа тој претставува апотеоза (обред на воздигнување), од што потекнува и мотото на фестивалот.

Фестивалот трае четири (4) дена и се состои од следниве содржини : фолклор, изложби на ракотворби и фотографии, концерти, театарски представи, традиционално пеливанско борење и фудбалски турнир.